- All
- Моите херои
- Новости
Со Нела Манчевска
Со задоволство ви го претставуваме интервјуто со Нела Манчевска, во кое таа ги споделува своите искуства, размислувања и лични впечатоци. Преку овој разговор имаме можност подобро да ја запознаеме нејзината приказна, интересите и предизвиците со кои се соочува.
„Феникс“ шампиони!
Одбојкарската екипа на ООУ „11 Октомври“ го освои првото место на одбојкарскиот куп „Феникс“, во конкуренција на сите основни училишта од Општина Центар. Нашите ученички покажаа одлична игра, борбеност, посветеност и вистински тимски дух во текот на целиот турнир. Со сигурни настапи и без ниту еден пораз, тие се пласираа во големото финале, каде што […]
Одбележан Денот на училиштето
Денес во ООУ „11 Октомври“ под мотото „Светлина“ беше одбележан Денот на училиштето. Празничната атмосфера беше надополнета со куса уметничка програма, со изведби на класична музика и литературни читања. Во рамките на одбележувањето беа организирани литературен и ликовен конкурс, а на свеченоста беа прогласени и наградени следните ученици:Првонаградени ученици на литературниот конкурс:I – III одделение: […]
Среќен почеток
Денешниот ден го означи почетокот на уште една учебна година. Посебна енергија и топлина донесоа нашите најмали ученици, кои за првпат застанаа на прагот на знаењето и ја започнаа својата училишна авантура. На сите ученици им посакуваме многу нови знаења, искрени дружби и успеси во месеците што следат. Среќен почеток!
Признанија за најистакнатите ученици од генерацијата
Уште една генерација деветтоодделенци го заокружува своето деветгодишно образование во нашето училиште. По тој повод, училиштето додели признанија на учениците кои со својот успех, однесување, посветеност и позитивен пример оставија посебен белег во својата генерација. За ученик на генерацијата е прогласен Николај Божиноски од IX-2 одделение. За гордост на генерацијата се прогласени Нона Живковска од […]
Нашето училиште побогато за две високи професионални звања
Трудот, знаењето и посветеноста секогаш заслужуваат да бидат препознаени. Оваа објава ја посветуваме на нашите колешки Ана Шалева Ивановска, педагог во училиштето, која се стекна со звањето стручен соработник-ментор, и Ирина Иванова, која се стекна со звањето наставник-советник, највисокото звање во наставничката професија. Овие звања се признание за нивната долгогодишна работа, професионален развој и значаен […]
Награда за најдобро уредена училница со рециклиран материјал
Со голема радост споделуваме дека паралелката III-2 освои 🥈 2 место на ниво на Општина Центар на конкурсот за најдобро уредена училница со рециклиран материјал. Преку креативност, труд и љубов беше создаден пријатен и инспиративен училиштен простор, кој ја истакнува важноста на рециклирањето и грижата за животната средина. Горди сме на овој прекрасен успех и […]
Наградени наставници
На настан организиран од Општина Центар, беа доделени признанија на наставници и стручни соработници за нивниот труд, посветеност и придонес во воспитно-образовниот процес. Со особена гордост споделуваме дека меѓу наградените се и две наставнички од нашето училиште: Лепосава Самболец – одделенска настава и Николина Ивановска – предметна настава. Им честитаме за добиеното признание и им […]
Упис на првачиња во учебната 2026/27 год.
ОТВОРЕТЕ ГО ЛИНКОТ ЗА ДА ЈА ПОПОЛНИТЕ ПРИЈАВАТА ЗА УПИС НА ПРВАЧЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/27 ГОДИНА: https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Address/Details/18
Кога лектирата станува слатка авантура!
Кога лектирата станува слатка авантура! Денеска училницата на III-2 одделение, мирисаше на креативност, радост и… малку на шеќер Во рамки на лектирата „Шеќерното дете“ и наставата по Македонски јазик, реализиравме слатка и незаборавна работилница. Со помош на нашата родителка – гостинка Андриана Дамовска и слаткарката Илинка Мојсовска, учениците имаа можност не само да читаат за […]
Електронска библиотека
📢 Ново во нашето училиште: Стандардна библиотека станува модерна електронска библиотека! Со огромно задоволство објавуваме дека нашето училиште успешно го набави софтверското решение еБиблиотека – современа платформа за дигитално управување со библиотечниот фонд и услуги. Овој систем ќе ни овозможи: 📌 целосна дигитализација на библиотеката, со електронско следење на книги, членови и позајмувања;📌 брзо и […]
Бебедно на Интернет заедно со А1
Предавачи од А1 – телеком провајдерот одржаа едукативно, интерактивно предавање на четвртите одделенија за ,,Безбеден интернет”.Преку интересна презентација практични примери и дискусија учениците научија безбедно да користат интернет страници, да препознаат ризични содржини, да ја заштитат приватноста онлајн. Предавањето беше дочекано со голем интерес, сите ученици активно учествуваа, поставуваа прашања, споделуваа искуства.Упатуваме благодарност до А1 […]
Монографија
Нашата приказна е пишувана низ годините – преку трудот и посветеноста на генерации ученици, наставници и родители. Монографијата што ја претставуваме е сведоштво за нашата истрајност, визија и заеднички успеси што нè водат напред.
По повод јубилејот на училиштето
По повод големиот јубилеј, 70 години постоење на нашето училиште, со гордост и радост ги доделивме дипломите и медалите на нашите најуспешни ученици од натпреварот Кенгур, кои со својата упорност и труд ни покажаа колку е важно да се учи и да се стреми кон знаење. Како симбол на нови почетоци и грижа за иднината, […]
Нашите првачиња – дел од Светската детска организација
По повод Детската недела нашите првачиња станаа дел од Светската детска организација. Положија заклетва и ветија дека ќе бидат умни и одговорни ученици, дека ќе ги почитуваат наставниците и родителите, но пред ќе бидат добри другари. Првачињата уживаа во настанот организиран од Општина Центар и среќни и задоволни, со насмевки на лицата си заминаа
Првиот училишен ден
Денес нашите најмали ученици – првачињата – направија голем чекор: за првпат влегоа во училница и започнаа едно ново поглавје во нивното детство. Со приредба полна со песна, игра и насмевки им посакавме добредојде и им ја споделивме радоста на првиот училиштен ден. Им посакуваме многу знаења, пријателства и убави спомени. Добредојдовте во нашето училишно […]
Училиштето се подготвува за новата учебна година
Нашето училиште се подготвува да ги пречека учениците во чиста и безбедна средина. Во тек се активности за генерално чистење на просториите, дезинфекција, дезинсекција и деретизација, како и уредување на дворното место. Со овие активности создававме простор кој ќе инспирира на учење, креативност и дружење.
Соработка со ООУ „Никола Карев“ – Крушево
На 5 јуни, се одржа втората работилница во рамките на проектот поддржан од Министерството за образование и наука, на тема „Традицијата во Македонија“. Работилницата се реализираше во партнерство помеѓу ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар и ООУ „Никола Карев“ – Крушево, како дел од јавниот повик за поддршка на активности што придонесуваат за развој на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во основното и средното […]
МИО работилница „Мојот град“
На 19 мај, нашето училиште ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар беше домаќин на креативната и инспиративна работилница на тема „Мојот град“, реализирана во рамките на грантот од Министерството за образование и наука (МОН). Работилницата се одржа во партнерство со нашите пријатели од ООУ „Никола Карев“ – Крушево, во духот на јавниот повик за поддршка […]
Запишување на ученици во прво одделение во учебната 2025/2026 година
пријава-за-запишување-во-прво-одделение-25-26 реонизација
Подготвени за второто полугодие
Подготвени ги пречекавме нашите ученици во второто полугодие 👨🎓👩🎓🎒. Целосно ги реновиравме тоалетите бидејќи хигиената, безбедноста и здравјето на нашите ученици ни е секогаш на прво место. Инвестирајќи во училишната технологија, сензорната соба, училишната трпезарија, фискултурната сала и слично се трудиме на нашите ученици да им овозможиме безбедна и стимулативна средина каде што ќе се […]
Феникс 11 – гласот на 11ти
Од оваа учебна година 2024/2025 во нашето училиште започна со работа новинарскиот клуб кој учениците го именуваа како Феникс 11 – гласот на 11ти. Овој клуб е под капата на проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат”. Како прва активност на овој клуб се музичките паузи во среда и петок на големиот одмор, за […]
Нови ознаки за eTwinning квалитет
Пристигнаа Националните ознаки за квалитет, за eTwinning проектите и работата на учениците од 5-1 одд. во учебната 2023/2024 година и наставничката Мануела Трпчевска. eTwinning проектите на кои работеа учениците минатата година се оценети со највисоки оценки , на што сме посебно горди. Овие ознаки се признание за нивната посветеност, работа и креативност.
Работилница од ИЗИС
Денес учениците од 8-1 одд. заедно со класниот раководител Убавка Џинов учествуваа на работилница од ИЗИС Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија за да го продлабочат и прошират знаењето за земјотресите. Што е земјотрес, како се мери, зошто настанува и како да се однесуваме во случај на земјотрес? И многу други прашања за кои […]
Едукативно предавање
На ден 08.10.2024 година во III-2 се оддржа едукативно предавање на тема „Скелет, мускули, внатрешни органи“. На наше големо задоволство и чест ова предавање го одржа Др. Саво Трајановиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација (физијатар) од ПЗУ Меридијан медикал. Преку практични примери, медицински модели на скелет, ‘рбет, колено, зглобови и лигаменти учениците имаа можност […]
Наша и светска
Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи!
Го славиме Денот на училиштето
Денес е Денот на нашето училиште – ден кога заеднички ги славиме нашите успеси и нашата заедничка посветеност кон учењето и развојот. Се надеваме дека ќе продолжиме да го развиваме духот на заедништвото, соработката и успехот кој го прави нашето училиште уникатно место за секого. Да продолжиме да сонуваме големи соништа и да работиме заедно […]
Меѓународниот ден на електронски отпад
По повод Меѓународниот ден на електронски отпад, учениците од второ одделение, од ООУ “11 Октомври” – Скопје, Центар, заедно со родителите и нивните наставнички, беа вклучени во проектот ,,Пренеси ја пораката- Одиме на лов на електронски отпад”. На ден 08.10.2024 година во училиштето се организираше работилница во соработка со г-ѓа Билјана Костадинова, претставник на Нула […]
Одбележан Светскиот ден без автомобили
Малите првачиња со нивните наставнички со пригодни активности го одбележаа Светскиот ден без автомобили! 🌍💚 Разговараа за важноста на чистиот воздух и како секој од нас може да придонесе за заштита на животната средина. Следеа едукативни видеа и ги споделија своите идеи за алтернативни и одржливи начини на транспорт, како што се возење велосипед 🚴♂️, […]
Штедиме и правиме добри дела
На 07.10.2024г. нашите првачиња и учениците од IV-1 одд. благодарение на НЛБ имаа можност да учествуваат во хуманитарниот предизвик ,,Штедиме и правиме добри дела”. Тие несебично донираа играчки за Црвен Крст-Скопје. Учениците на забавен начин се едуцираа за придобивките на штедењето, но и научија што значи добро дело и колку е важно да се помага.
Среќно пензионирање
Пензионирањето на нашите три драги колешки е момент полн со емоции, мешавина од благодарност, восхит и мала доза тага. Ирена, Жане и Велика Ви посакуваме многу здравје, среќа и спокојни пензионерски денови полни со нови авантури!
„Свадба“ во изведба на СОУ „Наум Наумовски-Борче” Крушево
Како дел од чествувањето и обележувањето на ликот и делото на најголемиот македонски драмски писател, Васил Иљоски, Домот на култура Крушево, во соработка со драмската секција при СОУ „Наум Наумовски-Борче” Крушево, пред учениците од нашето училиште ја изведоа драмата “Свадба”. Со овие настани се придонесува за поубаво и пошироко запознавање на младите со творештвото на […]
Првата помош спасува живот
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн. Денес беше одржано предавање од тимот на Црвен Крст на тема Прва помош пред учениците од 8 одделение со цел да се едуцираат како да помогнат при одредени ситуации.
Детска недела
По повод Детската недела нашите првачиња станаа дел од Светската детска организација. Положија заклетва и ветија дека ќе бидат умни и одговорни ученици, но пред се добри другари. Во текот на целиот настан организиран од Општина Центар, првачињата уживаа, среќни и со насмевки на лицата си заминаа
еТвининг училиште
ООУ „11 Октомври“ по прв пат ја освои престижната европска награда „еТвининг училиште“. Во чест на ова признание, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше официјално доделување на плакетите за еТвининг училишта, кое се одржа на 17 септември во Студентскиот културен центар во Скопје. Наградата ја прими директорката на нашето училиште Даница Блажеска.
Национални ознаки за квалитет
Со задоволство споделуваме дека учениците од 5-2 одделение со наставничката Весна Недановска, во учебната 2023/2024 година, успешно ги завршија своите eTwinning проекти и сите се наградени со Национални ознаки за квалитет! Овие ознаки се признание за нивната посветеност, работа и креативност. Преку eTwinning проектите, учениците се поврзаа со нивни врсници од различни земји, работеа на […]
Топло добредојде за нашите првачиња <3
Среќа, возбуда и насмевки го исполнија нашето училиште Им посакуваме остварување на големи соништа, стекнување искрени пријателства, многу награди и петки, а им ветуваме разбирање, прифаќање, поддршка и цврсто подадена рака, среќно!
Посета од Турција
Имавме чест да бидеме домаќини на job shadowing активноста во нашето училиште како дел од Erasmus+ програмата. Гостите од Министерството за образование на Анкара, Турција, учествуваа во образовни активности и споделија најдобри практики, а не запознаа и со едукативниот систем во Турција. Активностите вклучија посети на музеи во Скопје, како и посета на нашиот град […]
Најдобар наставник на поранешна Југославија
Во периодот од 4-7 април 2024 год. во Бања Лука, Босна и Херцеговина се одржа Шестата регионална наставничка конференција Svijet obrazovanja brishe granice. На оваа конференција учество зеде одделенскиот наставник Весна Недановска која се здоби со награда која ја доделува Асоцијација за најдобри наставници на поранешна Југославија. Титулата е Најдобар наставник на поранешна Југославија. Честитки […]
Одбележување на 2 април, Светскиот ден за свесноста на аутизмот
Денес, на 2 април, Светскиот ден за свесноста на аутизмот, V¹ одделение ја покажа својата емпатија и разбирање кон нашата разноликост и различност, вклучувајќи се во работилница исполнета со едукативна и видео содржина за ученици со аутизам како дел од нашето училиште. Учениците низ активностите беа насочени од наставничката Мануела Трпчевска и специјалниот едукатор Татјана […]
Првоаприлски маскенбал
И оваа година традиционалниот маскенбал, по повод Денот на шегата, предизвика голем интерес и кај децата и кај останатата публика. Сите маскирани ученици, во весела поворка, прошетаа низ училишниот двор претставувајќи го раскошот и разноликоста во креативното изразување на децата и нивните родители. Непроценливата убавина на детските насмевки уште еднаш направи нашето училиште да засјае […]
Нашата „Споменка“
На 27.03.2024 година учениците ја изведоа претставата „Споменка” и заедно со менторот Ристо Бојчев добија пофалници од Градоначалникот на Општина Центар за освоеното прво место.Исто така добија благодарници од страна на директорката која се заблагодари на успешната работа на учениците, менторот и Војо Цветановски, родител.Еден поттик за следни предизвици!
Победата на конкурсот „Театарот, уметност на емоции“
Нашето училиште ја понесе победата на конкурсот „Театарот, уметност на емоции“ во кој земаа учество сите основни училишта од општина Центар. Горди сме на нашите ученици кои на едно професионално ниво ја завршија задачата која им беше доделена. Во целиот процес беа водени од менторот Ристо Бојчев и родителот Војо Цветановски. Сите заедно максимално се […]
Меѓународен ден на шумите
На Меѓународниот ден на шумите – 21 март наши ученици од деветто одделение и средношколците од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ се вклучија во волонтерската акција за пошумување – БОРЕНКА на опожарените подрачја, на покана на Сојузот на извидници на Македонија. Нашите млади луѓе учествуваа во иницијативата БОРЕНКА што се реализира на дел од областа погодена […]
Еко акција
Нашето училиште со еко акција и со садење садници го одбележа денот на пролетта. Вработените и учениците активно се вклучија во акцијата за чистење на училишниот двор. Со реализирањето на вакви активности настојуваме едукативно да влијаеме кај младата генерација, со цел што повеќе да ја осознава неопходноста за одржување чиста и зелена животна средина.На првиот […]
Светски ден на лицата со Даунов синдром
По повод 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, учениците од II ¹ одделение ни праќаат пораки за да не мотивираат на разбирање за разликите во секој еден од нас, за поттик на индивидуалноста и за вклучување на сите деца во училишната средина.👫👫👫👫👫👫👫👫👬👫👫👫👫👫👫👫👫👫Преку илустративни видеа и едукативната содржина на оваа тема, реализиравме […]
Заедно за подобар интернет
Учениците од V- 1 одд. Го одбележаа денот на Сигурен интернет 06.02.2024 учествувајќи во работилницата „Онлајн предизвици“ и преку интересни активности научија како да се однесуваат во вакви ситуации, а наученото го претставија на постери. – Заедно за подобар интернет- одд.наставник Мануела Трпчевска
Безбедно на интернет
Со цел учениците да се запознаат со ризиците од користење на интернет, да ги препознаат случаите на злоупотреби, што оставаат долгорочни последици. Денес со такви пораки се едуцираа учениците од IV 3 одд. на работилницата што се одржа по повод Меѓународниот ден за побезбеден интернет.Одд.наставник: Ирена Смилевска
Европска ознака за квалитет
Со задоволство Ве известуваме дека пристигна и Европската ознака за квалитет за работата во е Twinning проектот: HAPPY TREES “Roots to the ground and heads to the sky” . Проектот го реализираа учениците од V-1 одд. со наставничката Мануела Трпчевска и со нивната работа ги исполнија критериумите на рамката за етикета за квалитет . Честитки […]
Сајбер насилство
На ден 22.12. учениците од Ученичкиот парламент присуствуваа на работилница што го одржа наставникот ментор Ирина Иванова на тема „Сајбер насилство“. Работилницата беше дел од поширока стратегија за спречување на врсничко насилство и за јакнење на културата на почит, толеранција и поддршка – како во училиштето, така и во дигиталната заедница. Со овие активности се […]
Хуманост…за Лео
❤️ Хуманоста сите не сплоти на едно место. Со помош на младите уметници, креативните рачни изработки и младите музички таленти од нашето училиште придонесовме да донираме за младиот Лео да ја добие животната битка и да ги оствари своите соништа и амбиции.
Вежба за евакуација
На ден 19.12.2023 во нашето училиште успешно се реализираше вежба за евакуација од елементарни непогоди.
Награда на ликовен конкурс
На ликовниот конкурсот на Тутунска банка на тема ,,Штедиме и другаруваме“ ученикот Ведран Ристовски од V-1 одд. освои вредна награда за својот цртеж.Честитки!
На 25.10.2023 год. учениците од V-1 и V- 2 одделение и нивните наставнички, Мануела Трпчевска и Весна Недановска го посетија Даут Пашин Амам. Учествуваа во проектот ,,Годишна изложба на основни училишта“ во организација на Македонска Национална галерија. Учениците ја проследија изложбата на Симон Шемов ,,Мултиверзум“ и инсприрани од истата, креираа и свои ликовни дела. Делата […]
Наградени Етвининг проекти
Со задоволство Ве известуваме дека нашето училиште е наградено со Национална ознака за квалитет за работата во еTwinning проектите: HAPPY TREES ,,Roots to the ground and heads to the sky,, и ,,I am the Cultural Ambassador of my city” . Проектите ги реализираа учениците од V-1 одд. со наставничката Мануела Трпчевска и со нивната работа […]
Хуманоста не познава граници
Хуманоста не познава граници, не знае за убави зборови, туку за дела. Токму тоа хуманоста на дело во четвртокот на 19.10 ја покажаа нашите ученици од VII1 и VII2 одд со нивните класни раководители Убавка Џинов и Златко Петковски и собраа намирници од кои граѓанската иницијатива Ретвитни оброк ке подготви оброци кои ќе бидат поделени […]
Нека ни е честит Денот на училиштето
Оваа година славиме 68 години постоење, 68 години исполнети со предизвици. Нашето училиште го носи името по големиот празник 11 Октомври – симбол на борбеност, издржливост и непокор. Тоа не обврзува и ние да бидеме издржливи и да истраеме во она што е наша заедничка цел. Од самите почетоци на постоење на нашето училиште па […]
Отварање на сензорна соба
Нашата грижа е подеднаква за сите ученици, создаваме подеднакви услови за образование на секое дете. За таа цел денес свечено ја отворивме сензорната соба која ќе им помогне на учениците со потешкотии во процесот на инклузија. Успеавме да го реализираме овој проект со несебичната поддршка на градоначалникот на општина Центар г-дин Горан Герасимовски и генералниот […]
Центар за талентирани ученици
Како резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Центар, Карпош и Кисела Вода, во ООУ „ Димитар Миладинов“ се отвори Центар за талентирани ученици. Центарот располага со површина од 120м2, и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Станува збор за прв ваков центар во нашиот град […]
Свечен прием на првачињата во општина Центар во детската организација
На ден 04.10.2023 година, среда во Паркот на Франкофонијата се одржа свечен прием на првачињата во општина Центар во детската организација. Манифестсцијата започна во 10 часот. По обраќањето на градоначалникот на општина Центар, господинот Горан Герасимовски, учениците ја проследија претставата “Заспаниот принц”.
Игри без граници
Во рамките на детската недела, Општина Центар организираше серија настани во кои беа вклучени градинките и основните училишта. Меѓу нив беше и традиционалниот спортски настан „Игри без граници“ каде учениците од четврто и петто одделение си ги измерија силите во Паркот на Франкофонија. Од нашето училиште учествуваа учениците од 5-1 и 5-2 одделение.
Првиот училишен ден
Среќен почеток на учебната година на првачињата и на сите други ученици. Ви посакуваме успешна година со многу здравје и знаење!
Спортот и здравите навики на прво место
Учениците од I-1 одделение од основното училиште „11 Октомври“ – Скопје, заедно со своите мајки и одделенските наставнички учествуваа на 11-та Авицена женска трка во месец април 2023 година-Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со АК Работнички, а под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт се одржа 11-та […]
Бронза на нашиот Андрија
На Јуниорската балканска математичка олимпијада, чиј домаќин е Тирана со брозна се закити нашиот ученик Андрија Младеновиќ. На оваа олимпијада и останатите членови на тимот се закитија со награди: Дамјан Давков освои златен медал, а Ивано Божиновски сребрен. Покрај нив, Македонија ја претставуваа и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ. Честитаме и посакуваме понатамошен успех.
Награден предлог проект
На јавниот повик ,,Предизвик за млади истражувачи 5 -ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ” објавен од страна на Фонд за иновации и технолошки развој вчера нашето училиште свечено го потпиша договорот за соработка на наградениот предлог проект ,,Рециклирај весник засади цвет! Разубави го целиот свет!” под менторство на Убавка Џинов и Татјана Василевска.
June 15th, 2023
Со задоволство Ве известуваме дека нашето училиште е наградено со Европска ознака за квалитет за работата во еTwinning проектите: „ Webučionica 2.0 /Webclassroom “ и „ 100. dan u školi 2022./100th day at school “. Проектите ги реализираа учениците од IV-2 одд. со наставничката Весна Недановска и со нивната работа ги исполнија критериумите на рамката […]
СТЕМ ознака
Со гордост Ве известуваме дека нашето училиште е добитник на ознаката за квалитет „СТЕМ компетентно училиште“. Станува збор за ознака која се добива под покровителство на European Schoolnet – мрежа од 34 европски министерства за образование, со седиште во Брисел. При тоа три активности чии автори се Ирина Иванова (две активности) и Билјана Велевска (една […]
Предавање на Универзитет Скопје
Учениците од 8-3 одделение беа во посета на Универзитетот Скопје каде следеа едукативно предавање на тема ОНЛАЈН НАСИЛСТВО – CYBER BULLYING. На предавањето се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат младите генерации, живеејќи во време на дигитализација, користејќи ги дигиталните технологии.Благодарност до професорката Ана Секуловска Јовковска која несебично го сподели нејзиното знаење со нашите […]
Наградени наставници
По повод чествување на големите словенски просветители Св. ,,Кирил и Методиј” , основоположници на словенската писменост и литература и нивните дејства за културниот развој на словенски народи, Општина Центар традиционално секоја година ги наградува наставниците и учениците.За учебна година 2022/23 наградени наставници од ООУ”11 Октомври” – Скопје, Центар се :1.Весна Недановска – одделенски наставник2.Златко Петковски […]
11 Октомври – меѓу првите училишта со фотоволтаични системи
https://sitel.com.mk/gerasimovski-prvite-tri-uchilishta-dobivaat-fotovoltaichni-sistemi
Соработка со Воената академија
На иницијатива на наставникот ментор – Ирина Иванова, а во соработка со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во ООУ „11 Октомври“ – Скопје, се одржа обука со која учениците од седмо одделение се стекнаа со знаења во врска со начинот на кој треба да реагираат во случај на катастрофи (пожар, поплава, земјотрес). Обучувачи беа професори […]
ВИКИПЕДИЈА КЛУБ
Во ООУ „11 Октомври“, под менторство на наставничката Ирина Иванова започна со работа ВИКИПЕДИЈА КЛУБ. Целта на клубот е создавање на нови квалитетни статии со што би се дал сопствен придонес во зголемувањето на содржините на македонски јазик. За таа цел учениците – членови на клубот проследија и соодветна обука одржана од претставник на Здружението […]
e twinning проекти
Учениците од IV -1 одделение се приклучија и работат на неколку e twinning проекти.Со среќа!Одделенски наставник Мануела Трпчевска
Соработка со родител
Во соработка со родител – Архитект Крсте Петров преку предавање и работилница на учениците од IV-1 одделение, им ја доближи професијата архитект и ги запозна со технички цртеж и план на објект. Учениците изработија и скица на дизајн по нивна желба.Огромна благодарност на нашиот ,,татко,, од идните архитекти.Одделенски наставник Мануела Трпчевска […]
Од дете за дете
Под мотото „Од дете за дете”, учениците од I-2 заедно со своите родители и наставнички замаа учество во хуманитарна акција организирана од страна на НВО- Куќа на среќата. Собраните средства се наменети за предвреме родените бебиња кои во моментов се наоѓаат на детската клиника во Скопје.
Мери, ти благодариме…..<3
Со неизмерна почит, благодарност и убави желби за новото поглавје во животот, ја испраќаме Мери Несторовска, психологот во училиштето, во заслужена пензија! Драга Мери, ти благодариме за твојата професионалност, мудрост и соработка во текот на сите години наназад. Сега е време да им се посветиш на желбите што морале да почекаат и на твоите најсакани! […]
Во посета на Планетариумот
Денес учениците од 6-1, 6-2 и 8-3 одделение заедно со одделенските раководители, а предводени од наставникот по географија Звонко Димовски, беа во посета на Планетарумот кој функционира во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје. Беа потребни неколку минути „затемнување“ на просторијата, за да може човековото око да се навикне и да ги забележи сите […]
Соработка со Музејот на Република Северна Македонија
Активот на трето одделение во соработка со Музејот на Република Северна Македонија се запознаа со македонската традиција, носии и народната архитектура. Научија за животот на нашите предци и со задоволни лица зборуваа за настанот.
Предавање
Учениците од IV – 2 имаа можност да проследат предавање на тема ,,Народни носии“ во соработка со Музеј на Република Северна Македонија
Во посета на Меѓународниот аеродром Скопје
Учениците од IV -1 IV-2 го посетија Меѓународниот аеродром Скопје. Имаа можност да се запознаат со работата на одделот за Контрола за летање. Се запознаа и со работата на аеродромот и неговата структура.
Хуманост
Хуманоста ја отсликува големината на луѓето. Таа е најчовечна особина и доблест за секој човек. Позитивните примери во поглед на хуманоста треба да бидат континуиран процес. Паралелките ll-2 и lll-2 по повеќегодишна соработка со Црвен крст и оваа година реализираа новогодишна работилница, преку која собраа парични средства и обезбедија подароци за деца сместени во згрижувачки семејства.БИДЕТЕ […]




















































































