
Уште една генерација деветтоодделенци го заокружува своето деветгодишно образование во нашето училиште. По тој повод, училиштето додели признанија на учениците кои со својот успех, однесување, посветеност и позитивен пример оставија посебен белег во својата генерација.
За ученик на генерацијата е прогласен Николај Божиноски од IX-2 одделение.
За гордост на генерацијата се прогласени Нона Живковска од IX-1 одделение и Јоана Милкова од IX-1 одделение.
На учениците им беа доделени дипломи и пригодни подароци од училиштето, како знак на признание за нивниот труд, успех и постигнати резултати.
Им честитаме на Николај, Нона и Јоана и им посакуваме уште многу успеси во понатамошното образование.
На сите деветтоодделенци им посакуваме среќно и успешно продолжување на нивниот образовен пат. Нека со себе ги понесат убавите спомени, стекнатите знаења и пријателствата создадени во нашето училиште. Со гордост ги испраќаме во нови предизвици и им посакуваме многу успех, радост и остварени соништа.