Slide thumbnail

Добредојдовте

на веб страната на ООУ „11 Октомври“ - Скопје, Центар

Најнови вести

img

Со Нела Манчевска

Со задоволство ви го претставуваме интервјуто со Нела Манчевска, во кое таа ги споделува своите искуства, размислувања и лични впечатоци. Преку овој разговор имаме можност подобро да ја запознаеме нејзината приказна, интересите и предизвиците со кои се соочува.

„Феникс“ шампиони!

Одбојкарската екипа на ООУ „11 Октомври“ го освои првото место на одбојкарскиот куп „Феникс“, во конкуренција на сите основни училишта од Општина Центар. Нашите ученички покажаа одлична игра, борбеност, посветеност и вистински тимски дух во текот на целиот турнир. Со сигурни настапи и без ниту еден пораз, тие се пласираа во големото финале, каде што […]

Одбележан Денот на училиштето

Денес во ООУ „11 Октомври“ под мотото „Светлина“ беше одбележан Денот на училиштето. Празничната атмосфера беше надополнета со куса уметничка програма, со изведби на класична музика и литературни читања. Во рамките на одбележувањето беа организирани литературен и ликовен конкурс, а на свеченоста беа прогласени и наградени следните ученици:Првонаградени ученици на литературниот конкурс:I – III одделение: […]

Покана за доставување понуди

Среќен почеток

Денешниот ден го означи почетокот на уште една учебна година. Посебна енергија и топлина донесоа нашите најмали ученици, кои за првпат застанаа на прагот на знаењето и ја започнаа својата училишна авантура. На сите ученици им посакуваме многу нови знаења, искрени дружби и успеси во месеците што следат. Среќен почеток!

Почеток на новата учебна година

Признанија за најистакнатите ученици од генерацијата

Уште една генерација деветтоодделенци го заокружува своето деветгодишно образование во нашето училиште. По тој повод, училиштето додели признанија на учениците кои со својот успех, однесување, посветеност и позитивен пример оставија посебен белег во својата генерација. За ученик на генерацијата е прогласен Николај Божиноски од IX-2 одделение. За гордост на генерацијата се прогласени Нона Живковска од […]

Нашето училиште побогато за две високи професионални звања

Трудот, знаењето и посветеноста секогаш заслужуваат да бидат препознаени. Оваа објава ја посветуваме на нашите колешки Ана Шалева Ивановска, педагог во училиштето, која се стекна со звањето стручен соработник-ментор, и Ирина Иванова, која се стекна со звањето наставник-советник, највисокото звање во наставничката професија. Овие звања се признание за нивната долгогодишна работа, професионален развој и значаен […]

Награда за најдобро уредена училница со рециклиран материјал

Со голема радост споделуваме дека паралелката III-2 освои 🥈 2 место на ниво на Општина Центар на конкурсот за најдобро уредена училница со рециклиран материјал. Преку креативност, труд и љубов беше создаден пријатен и инспиративен училиштен простор, кој ја истакнува важноста на рециклирањето и грижата за животната средина. Горди сме на овој прекрасен успех и […]