
Трудот, знаењето и посветеноста секогаш заслужуваат да бидат препознаени.
Оваа објава ја посветуваме на нашите колешки Ана Шалева Ивановска, педагог во училиштето, која се стекна со звањето стручен соработник-ментор, и Ирина Иванова, која се стекна со звањето наставник-советник, највисокото звање во наставничката професија.
Овие звања се признание за нивната долгогодишна работа, професионален развој и значаен придонес во воспитно-образовниот процес.
Им честитаме на двете колешки за овој успех и им посакуваме уште многу професионални достигнувања во понатамошната работа.
Нивниот успех е гордост и за нашето училиште.