Одбележан Денот на училиштето

Денес во ООУ „11 Октомври“ под мотото „Светлина“ беше одбележан Денот на училиштето. Празничната атмосфера беше надополнета со куса уметничка програма, со изведби на класична музика и литературни читања.

Во рамките на одбележувањето беа организирани литературен и ликовен конкурс, а на свеченоста беа прогласени и наградени следните ученици:
Првонаградени ученици на литературниот конкурс:
I – III одделение: Клара Стојковска
IV – VI одделение: Теодора Ѓоргиева
VII – IX одделение: Катја Пеова

Првонаградени ученици на ликовниот конкурс:
I – III одделение: Лина Митовска
IV – VI одделение: Јован Ѓеоргиев
VII – IX одделение: Ана Роса Миланов

Честитки до сите наградени и учесници, како и благодарност до родителите и сите гости кои со своето присуство го збогатија овој настан.

Од овој настан ја понесуваме пораката: „Да продолжиме да бидеме светлина едни за други“– во училниците, во меѓусебната поддршка и во секој ученички успех.

Нека ни е честит Денот на училиштето ООУ „11 Октомври“!

Leave a Comment