Андрија Младеновиќ

Андрија Младеновиќ има 14 години и е ученик во IX-2 одделение во ООУ„11 Октомври“. Од најрана возраст покажува интерес кон природните науки и програмирањето. Од својата осма година почнува да посетува курсеви по графички дизајн во СЕМОС-едукација, но потоа развива интерес за програмирањето и се насочува кон изучување на програмски јазици. Неговиот талент и интерес за природните науки е препознаен од наставничките во одделенска настава, Весна и Ели, кои го охрабруваат да почне да се натпреварува и веќе во IV одд. освојува втора награда на државен натпревар по природни науки. Во VI одд. учествува на манифестацијата „Ноември месец на науката“ и освојува прва награда за најдобро осмислен експеримент.Подоцна продолжува да успешно да учествува на натпревари по предметите: математика, биологија, физика и програмирање и освојува бројни награди, а во VIII одд. е и дел од училишниот фудбалски тим кој освојува сребрен медал на општинскиот натпревар.

Од VIII одд. се фокусира на натпреварите по физика, математика и информатика и ги постигнува следните резултати:
VIII одд математика
– општински 100 бода; регионален 100 бода; државен 100 бода;
– ЈММО(јуниорска македонска математичка олимпијада)-бронзен медал
VIII одд физика
– општински 100 бода- прва награда; регионален 100 бода- прва награда;
– државен 100 бода- прва награда.
VIII одд информатика
– регионален (прва награда и прво место); државен (прва награда и прво место)
IX одд математика
– општински II нафрада; регионален I награда; државен I награда ;
– меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“-сребрен медал;
– ЈММО(јуниорска македонска математичка олимпијада)-златен медал;
– ЈБМО(јуниорска балканска математичка олимпијада) – бронзен медал.
IX одд физика
– општински 100 бода- прва награда; регионален 100 бода- прва награда;
– државен 100 бода -прва награда.
IX одд информатика
– регионален (прва награда и прво место); државен (прва награда и прво место);
– МЈОИ(македонска јуниорска олимпијада по информатика)- сребрен медал.
Андрија во VIII одд. и IX одд. е добитник на стипендија за талентирани ученици од областа на математиката и природните науки од општина Центар.
Во слободно време тренира пливање и игра фудбал.
Од наставничкиот совет на ООУ„11 Октомври“ е прогласен за ученик првенец на генерација 2014-2023.







