Хуманоста не познава граници, не знае за убави зборови, туку за дела. Токму тоа хуманоста на дело во четвртокот на 19.10 ја покажаа нашите ученици од VII1 и VII2 одд со нивните класни раководители Убавка Џинов и Златко Петковски и собраа намирници од кои граѓанската иницијатива Ретвитни оброк ке подготви оброци кои ќе бидат поделени на бездомните лица и лицата од социјален ризик. Децата се запознаа со активностите кои Ретвитни оброк веќе 9 години успешно ги спроведува со помош на волонтери. Им благодариме што им покажаа на децата дека нивното малку значи за некого многу кога е направено со многу љубов.










