Нека ни е честит Денот на училиштето

Оваа година славиме 68 години постоење, 68 години исполнети со предизвици. Нашето училиште го носи името по големиот празник 11 Октомври – симбол на борбеност, издржливост и непокор. Тоа не обврзува и ние да бидеме издржливи и да истраеме во она што е наша заедничка цел. Од самите почетоци на постоење на нашето училиште па се до денес нашата енергија е насочена кон создавање на подобри услови за учење, со што учениците би добиле подобро и поквалитетно образование кое ќе ни создаде млади генерации, двигатели на современото општество. Наша задача е и во иднина да продолжиме да создаваме подобри услови за поуспешни генерации. Нека ни е честит Денот на училиштето.

Leave a Comment