На 07.10.2024г. нашите првачиња и учениците од IV-1 одд. благодарение на НЛБ имаа можност да учествуваат во хуманитарниот предизвик ,,Штедиме и правиме добри дела”. Тие несебично донираа играчки за Црвен Крст-Скопје.
Учениците на забавен начин се едуцираа за придобивките на штедењето, но и научија што значи добро дело и колку е важно да се помага.




