Како резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Центар, Карпош и Кисела Вода, во ООУ „ Димитар Миладинов“ се отвори Центар за талентирани ученици. Центарот располага со површина од 120м2, и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Станува збор за прв ваков центар во нашиот град каде талентираните ученици (заедно со наставниците) ќе можат својот талент, знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат.