На ден 08.10.2024 година во III-2 се оддржа едукативно предавање на тема „Скелет, мускули, внатрешни органи“. На наше големо задоволство и чест ова предавање го одржа Др. Саво Трајановиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација (физијатар) од ПЗУ Меридијан медикал. Преку практични примери, медицински модели на скелет, ‘рбет, колено, зглобови и лигаменти учениците имаа можност одблизу и подетално да се запознаат со мускулно скелетниот систем на човекот, функцијата на виталните органи, како и можните деформитети на ‘рбетниот столб. Одделенски раководители:СандраТолевска, Билјана Танеска



















