Предавачи од А1 – телеком провајдерот одржаа едукативно, интерактивно предавање на четвртите одделенија за ,,Безбеден интернет”.
Преку интересна презентација практични примери и дискусија учениците научија безбедно да користат интернет страници, да препознаат ризични содржини, да ја заштитат приватноста онлајн. Предавањето беше дочекано со голем интерес, сите ученици активно учествуваа, поставуваа прашања, споделуваа искуства.
Упатуваме благодарност до А1 Македонија, за корисната и важна иницијатива која придонесува за развивање на одговорни и безбедни корисници.




