Нашето училиште со еко акција и со садење садници го одбележа денот на пролетта. Вработените и учениците активно се вклучија во акцијата за чистење на училишниот двор. Со реализирањето на вакви активности настојуваме едукативно да влијаеме кај младата генерација, со цел што повеќе да ја осознава неопходноста за одржување чиста и зелена животна средина.
На првиот пролетен ден презедовме уште една акција – засадивме садници што беа донирани од родителите на нашите ученици до кои упатуваме благодарност за нивниот придонес во разубавувањето на средината во која се образуваат нивните деца.
Секоја засадена садница од една генерација е наследство за следната што ќе дојде во ООУ „11
Октомври“ и ќе служи како пример.
