Првоаприлски маскенбал

И оваа година традиционалниот маскенбал, по повод Денот на шегата, предизвика голем интерес и кај децата и кај останатата публика. Сите маскирани ученици, во весела поворка, прошетаа низ училишниот двор претставувајќи го раскошот и разноликоста во креативното изразување на децата и нивните родители. Непроценливата убавина на детските насмевки уште еднаш направи нашето училиште да засјае со посебен сјај.

Leave a Comment