МИО работилница „Мојот град“

На 19 мај, нашето училиште ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар беше домаќин на креативната и инспиративна работилница на тема „Мојот град“, реализирана во рамките на грантот од Министерството за образование и наука (МОН).

Работилницата се одржа во партнерство со нашите пријатели од ООУ „Никола Карев“ – Крушево, во духот на јавниот повик за поддршка на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во основните и јавните средни училишта во учебната 2024/25 година.

Учениците активно учествуваа во различни креативни активности, каде што преку презентации, цртежи и постери го претставија својот град и неговите знаменитости. Тие исто така имаа можност да работат во мешани групи, со ученици од двете училишта, споделувајќи свои приказни, искуства и идеи за тоа што значи да се живее во заедница исполнета со почит и разбирање.

Во текот на работилницата се изградија мостови на пријателство, се поттикна љубопитноста и свеста за богатството што го носи различноста. Секоја група создаде уникатен приказ на знаменитоста, преку уметност, зборови и соработка.

Оваа работилница е само еден чекор повеќе кон градење на заедничка иднина исполнета со разбирање, почитување и соработка.

Голема благодарност до сите ученици, наставници и гости за нивната посветеност и ентузијазам!

Leave a Comment