Имавме чест да бидеме домаќини на job shadowing активноста во нашето училиште како дел од Erasmus+ програмата.
Гостите од Министерството за образование на Анкара, Турција, учествуваа во образовни активности и споделија најдобри практики, а не запознаа и со едукативниот систем во Турција. Активностите вклучија посети на музеи во Скопје, како и посета на нашиот град – бисер Охрид со што стекнаа нови знаења за образовните пристапи и културното наследство. ![]()
Посетата беше организирана од наставникот – ментор Ирина Иванова. Благодарност до наставниците Ирена Смилевска и Весна Недановска за одличните часови во кои ја претставија нашата традиција ![]()
и со кои ги воодушевија нашите гости.




















