![]()
Кога лектирата станува слатка авантура! ![]()
![]()
Денеска училницата на III-2 одделение, мирисаше на креативност, радост и… малку на шеќер
Во рамки на лектирата „Шеќерното дете“ и наставата по Македонски јазик, реализиравме слатка и незаборавна работилница.
Со помош на нашата родителка – гостинка Андриана Дамовска и слаткарката Илинка Мојсовска, учениците имаа можност не само да читаат за шеќерното дете, туку и да го „создадат“ со свои раце. Учевме преку игра, разговор, смеа и практична работа, а децата беа воодушевени!
Ваквите активности покажуваат дека учењето може да биде забавно, креативно и блиско до секој ученик. Голема благодарност за соработката, поддршката и убавата енергија што ја направи оваа работилница посебна ![]()
![]()





























