Со здружението „Љубезност“

Ученичките Илина и Калина од 8 одделение, членки на клубот „Феникс 11“, реализираа вистинско мало новинарско ремек-дело. 🎤✨

Нивни соговорници беа претставници на здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, а темата на разговор беа работилниците за плетење што ги организира здружението – иницијатива која носи топлина, поддршка и чувство на заедништво таму каде што е најпотребно.

Преку внимателно подготвени прашања и искрен пристап, ученичките отворија значајна тема за солидарноста, хуманоста и општествената одговорност.

Ова видео е повеќе од обично интервју — тоа е доказ дека младите можат да создаваат квалитетни медиумски содржини, слободно да се изразуваат и да учат преку практична, реална и општествено ангажирана активност. 🌟

Браво за Илина и Калина за нивната посветеност, креативност и хуман дух!

Leave a Comment