На ден 22.12. учениците од Ученичкиот парламент присуствуваа на работилница што го одржа наставникот ментор Ирина Иванова на тема „Сајбер насилство“. Работилницата беше дел од поширока стратегија за спречување на врсничко насилство и за јакнење на културата на почит, толеранција и поддршка – како во училиштето, така и во дигиталната заедница. Со овие активности се придонесува кон системска превенција на насилно однесување и градење безбедна средина за сите ученици.