Нашата грижа е подеднаква за сите ученици, создаваме подеднакви услови за образование на секое дете. За таа цел денес свечено ја отворивме сензорната соба која ќе им помогне на учениците со потешкотии во процесот на инклузија. Успеавме да го реализираме овој проект со несебичната поддршка на градоначалникот на општина Центар г-дин Горан Герасимовски и генералниот директор на Верополус г-дин Петар Денковски. Голема благодарност до Вас што ја препознавте потребата од сензорна соба во нашето училиште и денес, на Денот на училиштето заедно да се радуваме на една успешна приказна и добра соработка.








