Со голема радост споделуваме дека паралелката III-2 освои 🥈 2 место на ниво на Општина Центар на конкурсот за најдобро уредена училница со рециклиран материјал.
Преку креативност, труд и љубов беше создаден пријатен и инспиративен училиштен простор, кој ја истакнува важноста на рециклирањето и грижата за животната средина.
Горди сме на овој прекрасен успех и честитки за сите кои беа дел од оваа убава приказна!


