Соработка со ООУ „Никола Карев“ – Крушево

На 5 јуни, се одржа втората  работилница во рамките на проектот поддржан од Министерството за образование и наука, на тема „Традицијата во Македонија“.

Работилницата се реализираше во партнерство помеѓу ООУ „11 Октомври“ – Скопје, Центар и ООУ „Никола Карев“ – Крушево, како дел од јавниот повик за поддршка на активности што придонесуваат за развој на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во основното и средното образование во учебната 2024/25 година.

 Особена чест ни беше што  на работилницата учествуваше и гостинка од Музејот на Македонија, м-р Наде Костадиновска Спасеновска, која ја збогати работилницата со инспиративна презентација за македонските народни носии.

Учениците активно се вклучија преку изработка на постери, презентации и дигитални алатки, претставувајќи различни елементи од нашето традиционално наследство. Во пријатна атмосфера на учење и соработка, се поттикна љубопитноста за културните вредности и важноста на почитувањето на различностите.

 Работилницата претставува уште еден чекор во градењето на мостови меѓу младите и негувањето на заедничка иднина полна со разбирање и пријателство.

Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители и гостинката за нивниот придонес и ентузијазам!

Leave a Comment