Меѓународен ден на шумите

На Меѓународниот ден на шумите – 21 март наши ученици од деветто одделение и средношколците од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ се вклучија во волонтерската акција за пошумување – БОРЕНКА на опожарените подрачја, на покана на Сојузот на извидници на Македонија. Нашите млади луѓе учествуваа во иницијативата БОРЕНКА што се реализира на дел од областа погодена од пожари во Вардарскиот Регион, во близина на Свети Николе. Преку креативното волонтирање во оваа акција и садејќи садници учениците дадоа пример како треба да се одржува, негува, чува и надградува шумскиот фонд поради неговиот придонес во здравата животна средина што е благодат за секој човек.

Leave a Comment