Услови за работа

Училишната зграда е тврда градба, изградена 1954 година со вкупна нето површина од 4.754 м2  и училишен двор со 21.376 м2 од кои озелената површина е 14.862 м2 , неозеленета 3.924 м2 , спортски терени 1.590 м2 – за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, и новата Спортска сала „Македонско Сонце“  донирана од Агенција за млади и спорт, Влада на РСМ.
Училиштето има 28 училници каде се одвива наставата, две фискултурни сали, балон во дворот на училиштето кој се користи за потребите на наставата по физичко и здравствено образование, кујна со реновирана трпезарија, библиотека, 6 канцеларии и други помошни простории. Училиштето може да се пофали и со сензорна и сетилна соба за учениците со потешкотии во процесот на инклузија. Во училиштето има 6 санитарни јазли.