Мисија и визија на училиштето

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

img

Нашето училиште е средина која нуди поддршка на индивидуалниот развој на учениците, професионалниот развој на наставниците што заедно резултира со ефективност и задоволство на сите вклучени во воспитно образовниот процес.

ИЗЈАВА ЗА МИСИЈАТА

Ние нудиме константност во квалитетот на учењето и поучувањето, користејќи современа образовна технологија и почитувајќи ги индивидуалните карактеристики на учениците.

ВИЗИЈА

img

Ќе настојуваме работата во училиштето да се темели на детските права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста во која сите деца ќе напредуваат според своите индивидуални способности, како и на ефикасната партиципација на сите вклучени во неговата работа.

ИЗЈАВА ЗА ВИЗИЈАТА

Сакаме нашето училиште да биде стимулативна и безбедна средина, по мерка на потребите и интересите на учениците, а на задоволство на сите заинтересирани од ефикасноста, современоста и квалитетот на наставата.