Структура на дејноста

Дејноста на училиштето е структурирана од одделенска и предметна настава.
Одделенската настава ја сочинуват 12 паралелки, a во предметна настава работат 9 паралелки.

Одделенска настава

img

Одделенската настава ги опфаќа децата од 6-11 годишна возраст . Во учебната 2024/2025 година во училиштето има вкупно 12 паралелки во одделенска настава со 291 ученици. Од прво до петто одделение учениците работат по програмата за деветгодишно образование.

Распоред на активности во текот на денот за учениците во продолжениот престој
Вид на активност Време на реализација
Прифаќање на учениците 7:00 до 8.00 часот
Појадок 8:00  до 9.20 часот (во групи)
Настава 8:00 до 11.15 часот
Ручек и рекреативна пауза 11:15 до 12.45 часот
Настава 12:45 до 15.05 часот
Испраќање на учениците 15:05 до 16.00 часот

Предметна настава

Предметна настава ги опфаќа децата од 11-15 годишна возраст. Во училиштето има 9 паралелки со вкупно 239 ученици. Учениците учат во една смена – од 8 до 13:35 часот  кога завршува седмиот час (времетраењето на еден училишен час е 40 минути).