16 Октомври – Светски ден на храната!

Учениците од нашето училиште заедно со своите наставници и членовите на училишниот тим на Еко одборот, го одбележаа Светскиот ден на храната со пригодни активности:

  • Разговораа и дебатираа за здрава храна и придобивките од неа;
  • Наводнуваа растенија во ботаничката градина;
  • Подготвија букети од  растенија од ботаничката градина и пораки за здрава храна и ги подарија на учениците, родителите и вработените во училиштето;
  • Собраа зачински растенија од градината и ги подарија во училишната кујна.

 

Leave a Comment