Европска недела на спортот

Во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Општина Центар, ученици – талентирани спортисти од ООУ “11 Октомври” земаа активно учество во Проектот “Европска недела на спортот EWoS BEAST“ со цел обезбедување на можност за спортско – рекреативни активности после училиште.
Преку овој проект обезбедуваме поддршка на младите – учениците да уживаат во рекреативните спортски активности, со приоритетно значење на подобрување на здравјето и правилниот телесен развој.
Пораката е едноставна: Прифаќање на спортско – рекреативни модели на младите – учениците за развој на припадност, екосистем за активен животен стил и интерес за елитните и грасрутс спортови.

Leave a Comment