4 Октомври – Светски ден за заштита на животните!

Светскиот ден за заштита на животните,  во нашето училиште беше одбележен со активности од страна на учениците, наставниците и членовите на училишниот тим на Еко одборот:

  • Учениците изработија куќи и хранилки за птици,  со  користење на рециклирани материјали и ги поставија на соодветни места во училишниот двор;
  •  Го нацртаа своето милениче и направија изложба од цртежите;
  •  Во Word Art го изработија своето омилено животно;
  •  Напишаа пораки за заштита на животните и ги поделија на другарчињата.

Leave a Comment