Работилница на Детски парламент

На ден 14.02.2020 учениците од ООУ ,,11ти Октомври”; Тарик Муминовиќ, Жизел-Мариа Галевска, Елена Георгиевска и Сибел Јонуз беа причестени да присуствуваат  на овагодишната работилница на ,,Детски Парламент за ученици од основните училишта во Македонија” на тема ,,Замена на класичните учебници со електронски”. Работилницата опфати повеќе содржини како што се организирана обиколка на зградата на Собранието , средба со пратеници, презентација на изработените креативни паноа, анимиран филм , игри на улоги во кои учениците се најдоа во улога на пратеници, евалуација на работилницата и доделување на сертификати за учество.

Leave a Comment