Во посета на општината

Учениците од IV 1 и IV 2 одделение  ја посетија Општина Центар, кеде имаа можност во Младинскиот центар Матично да проследат едукативен цртан филм и земаа  учество во акцијата,, Боренка,, за пошумување на опожарени подрачја.Ја посетија и салата во која работат советниците на Општина Центар но, најголемо  задоволство им причини посетата  и разговорот со градоначалникот  Горан Герасимовски, со кого поразговараа  за активностите на Општината и му се заблагодарија за се што прави за општината да биде пријатно место каде ќе растат безгрижно и задоволно.

Leave a Comment