ООУ „11 Октомври“ –Скопје, Центар меѓу најдобрите училишта на натпреварите по информатика

​Здружението на информатичарите на Македонија, и оваа година, организира циклус на натпревари по информатика, од областа на програмирањето. Програмирањето се изведува во програмскиот јазици C++, кој е стандарден и за меѓународните натпревари по информатика.
И оваа година, учениците  од ООУ „11 Октомври“ –Скопје, Центар забележаа врвни резултати. Имено, на регионалниот натпревар по информатика Тео Китановски – ученик од 7 одд. и Даријан Шекеров – ученик од 9 одд. освоија прва награда.
Успехот го повторија и на државниот  натпревар. Тео Китановски се закити со втора награда, а Даријан Шекеров е повторно добитник на првата награда.
Им посакуваме се најдобро!

Leave a Comment