Учиме да рециклираме – заедно креираме

Во рамките на проектот ,,Учиме да рециклираме – заедно креираме” нашето училиште го освои третото место. Нашата цел е учениците од најмалата возраст да ги насочиме како правилно да го селектираат отпадот и на тој начин да го намалиме нивото на отпад во нашата животна средина, како би имале поздрава и почиста околина.
Наставниците и учениците со својата креативност, имагинација и заеднички труд создадоа уникатно едукативно катче ,,Сообраќајна крстосница” и упатија јасна порака сите да се грижиме и да ја чуваме животната средина.

Leave a Comment