Диригент – Бисера Чадловска

Замисли дека си во голем оркестар каде што многу музичари свират различни инструменти – некои на виолини, некои на труби, а некои на тапани. За сите тие звуци да звучат убаво и хармонично, потребен е некој кој ќе ги води музичарите. Тоа е работата на диригентот!

Диригентот е личноста што стои пред оркестарот и со своите движења со рацете и со волшебното диригентско стапче покажува кога кој инструмент треба да свири, колку брзо или тивко треба да биде музиката и како сите да свират заедно како еден тим.

Без диригентот, музиката може да звучи хаотично, но со неговото водство, таа станува прекрасно уметничко дело!

Leave a Comment