Подготвени за второто полугодие

Подготвени ги пречекавме нашите ученици во второто полугодие 👨‍🎓👩‍🎓🎒.

Целосно ги реновиравме тоалетите бидејќи хигиената, безбедноста и здравјето на нашите ученици ни е секогаш на прво место.

Инвестирајќи во училишната технологија, сензорната соба, училишната трпезарија, фискултурната сала и слично се трудиме на нашите ученици да им овозможиме безбедна и стимулативна средина каде што ќе се чувствуваат пријатно и ќе можат максимално да ги користат и развиваат своите потенцијали 🏫.

Нивната среќа е наша најголема радост и поттик 🍀.

Leave a Comment