Со задоволство споделуваме дека учениците од 5-2 одделение со наставничката Весна Недановска, во учебната 2023/2024 година, успешно ги завршија своите eTwinning проекти и сите се наградени со Национални ознаки за квалитет! Овие ознаки се признание за нивната посветеност, работа и креативност.
Преку eTwinning проектите, учениците се поврзаа со нивни врсници од различни земји, работеа на интересни активности и стекнаа нови знаења и вештини.
Секоја ознака претставува признание за напорната работа на нашите ученици и наставници, кои со голема енергија и ентузијазам учествуваат во овие проекти.
Честитки и уште многу успешни проекти!



