Новата трпезарија – по мерка на детето

Во трпезаријата на површина од 165 квадратни метри се заменети старите дотраени плочки, поставени се дрвени облоги на ѕидовите, а старите врати се заменети со нови ПВЦ врати. Набавен е комплетно нов модерен мебел. Новите маси со димензии 140×90 се изработени од материјал отпорен на топлина и гребење. Модерниот и разигран дизајн на трпезаријата го надополнуваат столчињата во живи и весели бои, со ергономски дизајн за поудобно седење и заоблени агли за подобра безбедност. Реконструиран е и делот на кујната каде се приготвуваат оброците за ученицитето.

Во завршна фаза е и реновирањето на тоалетите, со промена на подните и ѕидни плочки, поставување нови подни сифони, а комплетно е сменета санитарната опрема и галантерија. Се поставува и ново осветлување, како и замена на сите постојни дрвени врати

Leave a Comment