Против климатските промени

Преземаме конкретни чекори за ублажување на последиците од климатските промени!

🌳Токму во тој правац засадивме дрвја во училишниот двор на ООУ „11 Октомври“.

🌿Учениците ќе уживаат во погледот и бенефитите на шесте јапонски цреши, 24те црвени фитонии, јоргованот, петте јавори и шесте липи со кои го збогативме нивниот училишен двор, а истовремено придонесовме и кон проширување на зеленилото во Центар.

🌲Секоја фиданка создава почист воздух, поздрава планета и подобро утре.

🍀Заедно, ја негуваме љубовта кон природата и градиме отпорен штит против климатските промени!

✍️ Акцијата е во рамки на проектот за „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, кој се имплементира во рамки на програмата „ГОи во акција за климатските промени“ кој го спроведува Еко-свест, МЗМП и CNVP

@ekosvest

@myla_mzmp

@cnvp_foundation

#ЦКП

https://www.instagram.com/p/C2cLSC4tCed/…

Leave a Comment