Андрија Младеновиќ

Андрија Младеновиќ

img

Андрија Младеновиќ  има 14  години и е ученик во IX-2 одделение во ООУ„11 Октомври“. Од најрана возраст покажува  интерес кон природните  науки  и програмирањето. Од  својата  осма година почнува да посетува курсеви по графички дизајн во СЕМОС-едукација, но потоа развива интерес за програмирањето и се насочува кон изучување на програмски  јазици.  Неговиот талент  и интерес за природните   науки  е  препознаен од наставничките   во одделенска настава, Весна и Ели,  кои го охрабруваат да почне да се натпреварува и  веќе во IV одд. освојува  втора  награда  на државен натпревар по природни науки. Во VI одд. учествува на манифестацијата „Ноември месец на науката“ и освојува прва награда за најдобро осмислен експеримент.Подоцна продолжува да успешно да учествува на натпревари  по предметите: математика, биологија, физика и програмирање и освојува бројни награди, а во VIII одд. е и дел од училишниот фудбалски тим кој освојува сребрен медал на општинскиот натпревар.

Од VIII одд. се фокусира на натпреварите по физика, математика и информатика и ги постигнува следните резултати:

VIII одд математика
– општински 100 бода; регионален 100 бода; државен 100 бода;
– ЈММО(јуниорска македонска математичка олимпијада)-бронзен медал

VIII одд физика
– општински 100 бода- прва награда; регионален 100 бода- прва награда;
– државен 100 бода- прва награда.

VIII одд информатика
– регионален (прва награда и прво место); државен (прва награда и прво место)

IX одд математика
– општински II нафрада; регионален I награда; државен I награда ;
– меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“-сребрен медал;
– ЈММО(јуниорска македонска математичка олимпијада)-златен медал;
– ЈБМО(јуниорска балканска математичка олимпијада) – бронзен медал.

IX одд физика
– општински 100 бода- прва награда; регионален 100 бода- прва награда;
– државен 100 бода -прва награда.

IX одд информатика
– регионален (прва награда и прво место); државен (прва награда и прво место);
– МЈОИ(македонска јуниорска олимпијада по информатика)- сребрен медал.

Андрија во VIII одд. и  IX одд.  е добитник на стипендија за талентирани ученици од областа на математиката и природните науки од општина Центар.

Во слободно време тренира пливање и игра фудбал.

Од наставничкиот совет на ООУ„11 Октомври“ е прогласен за ученик  првенец на генерација 2014-2023.