Почитувани ученици, наставници, родители…. Денес е денот кој требаше да биде ден на прослава, ден кога нашето училиште е преполно со гости кои дошле заедно со нас да го прославиме денот на нашето училиште. Гостите ги нема, учениците ни недостасуваат, ја нема славеничката атмосфера, но нашите души се преполни со радост и гордост. Овој 11Октомври е посебен, ние како училиште направивме ОГРОМЕН исчекор во образовниот процес. Сите, без исклучок сме побогати со знаење во една област кој во иднина ни ветува посовремено образование. Оваа пандемија не разбуди и ги усоврши нашите способности за брзо решавање на проблемски ситуации со кои се соочуваме секој момент. Од секое лошо треба да го извлечеме доброто и да ја видиме светлината кој не чека на крајот од оваа состојба. Ке ги собереме плодовите и на крајот ќе бидеме победници. Ви посакувам среќен Ден на нашето училиште, бидете ми здрави и живи! Чувајте се!