Секое маало има свои приказни, свои ликови и свои херои. Во нашиот секојдневен живот, хероите не секогаш носат наметки или се наоѓаат во центарот на вниманието. Понекогаш, тие се луѓето кои со своите дела и карактер ја создаваат топлината и духот на заедницата. Моите херои не се совршени луѓе, но нивната посветеност, преданост кон целта, емпатијата и човечноста ги прават инспиративни. Нивните дела понекогаш изгледаат мали, но тие оставаат трајни траги во животите на сите околу нив. Оваа рубрика има за цел да ги слави токму овие луѓе – обичните, но неверојатни луѓе кои го прават нашето секојдневие подобро.Овие херои не се само дел од нашата историја, тие се дел од нашето секојдневие и нашата иднина.